Burak Dağ
09 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати во вооружениот напад на војникот во североисточниот дел на Тајланд се искачи на 27 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а 57 лица се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денес, тајландскиот премиер Прајт Чан-о-ча го соопшти последниот биланс од масовното пукање во градот Накорн Рачасима.
Вчера, воено лице, идентификувано како полковник Јакрапант Тома, го уби својот командант и две други лица во воената база пред да избега од базата со џип.
Стигнувајќи во трговскиот центар во дистриктот Муанг, Тома пукал попатно во луѓе.
Меѓу убиените е и полковникот Ананархот Краса, командант во тајландската Армија.
Тома го пренесуваше нападот во живо преку Фејсбук, држејќи ја пушката, пред да умре во пресметка со војниците и полицијата.