Betül Yürük
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во оружен напад до кој дојде вчера во градот Балтимор, во сојузната американска држава Мериленд, загинаа две лица, а четири се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на полицијата од Балтимор изјави дека вооруженото лице пред продавницата отворило оган врз луѓето кои биле таму.
Едно лице почина на местото на нападот, а другото во болница. Меѓу ранетите се наоѓа и лице кое се здобило со тешки повреди.
Се трага по напаѓачот кој побегнал од местото на настанот. Припадниците на безбедносните сили се сомневаат дека овој напад бил одмазда за убиство кое во тој град се случило пред неколку дена.