Nilay Kar
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
МЕЛБУРН (АА) - Бројот на загинати лица во терористичките напади кои се случија во неделата во Шри Ланка се зголеми на 359 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Руван Гунасекара, изјави дека уште 18 лица биле притворени во операцијата која била спроведена по нападите, со што бројот на осомничените кои се уапсени се зголеми на 58 лица.
Гунасекара не даде повеќе информации што се однесуваат на националноста на осомничените.
„Терористичката органзација ДЕАШ презеде одговорност за нападите“, јавуваат локалните медиуми.
Серијата страотни бомбашки напади во Шри Ланка се случија во неделата на католички Велигден. Цел на бомбашките напади беа три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, како и трите луксузни хотели „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во Коломбо. Уште две експлозии одекнаа на периферијата на Коломбо.
Шри Ланка го прогласи 23 април за национален ден на жалост.