Tevfik Durul
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во северниот дел на Кина, во градот Тјенцин избувна пожар во висококатница, во којшто животот го загубија 10 лица, а 5 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во новинската агенција „Xinua“ (Синхуа), во населбата Хиши во градот Тјенцин од засега непознати причини избувнал пожар во една 38-катница.
Во пожарот загинаа 10 лица, додека полесно повредени се пет лица, кои се префрлени во болници во околината.
По долготрајна борба со огнот, противпожарните екипи успеаја да го згаснат пожарот.
Сѐ уште не се познати причините за избувнувањето на огнената стихија, но се претпоставува дека е можно тоаа да е последица од елементите за декорација поставени на зградата.
Локалните официјални претставници објавувајќи дека е започната безбедносна истрага на ниво на целиот град, и изјавија дека ќе бидат приведени лицата за кои постои сомневање дека се виновни за настанувањето на пожарот.
Во тек е истрага за несреќата.