Ahmed Asmar
14 Декември 2023•Ажурирај: 15 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во тековните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на 18.787 од 7 октомври, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кудра, изјави дека во израелската офанзива се повредени 50.897 лица.
„Најмалку 179 луѓе загинаа, а 303 лица се повредени во изминатите часови“, додаде портпаролот за време на прес-конференцијата.
„Голем број од жртвите остануваат под урнатините и на патиштата“, рече Ал-Кудра.
Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.