Ata Ufuk Şeker
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Минатата година со авион во Европа патувале 1,1 милијарди патници, што претставува пораст од шест отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на Агенцијата за статистика на Европската Унија (Евростат), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Речиси половина, односно 46 отсто од патничкиот воздушен сообраќај во 2018 година се однесуваше на патувања во рамките на Европската Унија, а 37 отсто на патувањата надвор од Европската Унија.
Најголем број патници во воздушниот сообраќај на Европската Унија во 2018 година забележан е во Велика Британија, и тоа 272 милиони патници, потоа следува Германија со 222 милиони, Шпанија со 221 милиони, Франција со 162 милиони и Италија со 153 патници.
Најмногу патувања регистрирани се на најголемите аеродроми и тоа на лондонскиот аеродром „Хитроу“ 80 милиони, аеродромот во Париз „Шарл де Гол“ 72 милиони, Меѓународниот аеродром во Амстердам „Схипхол“ 71 милион, аеродромот во Франкфурт 69 и „Барахас“ во Мадрид 56 милиони.