Gülşen Topçu
08 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
КУДС
Бројот на повредените во нападите на израелската полиција врз Палестинците во џамијата Ал-Акса, што се наоѓа во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), и во населбите Порта на Дамаск и Шејх ел-Џерах во зоната Стар град се искачи на 205 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Црвената полумесечина на Палестина објави писмено соопштение во врска со повредените во нападите што израелската полиција ги изврши синоќа во различни точки во Источен Кудс, а нападите се извршени со гумени куршуми и звучни бомби.
Во соопштението се вели дека во овие напади се повредени 205 Палестинци, од кои 88 се пренесени во болниците во Кудс, додека останатите биле лекувани на самото место.
Според соопштението, повредите претежно се предизвикани од гумените куршуми, а лицата се повредени во лицето, очите и делот на градите.
Се истакнува дека Црвената полумесечина на Палестина формирала теренска болница во оваа зона со цел да не се преполнат болниците.