Nour Mahd Ali Abu Aisha,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Најмалку две лица загинаа во артирелиски напад кои израелските вооружени сили рано утринава го извршија врз подрачјето на Газа кое е под блокада, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал Кудра, соопшти дека во израелскиот артирелиски напад тешко се ранети едно 25 годишно и едно 28 годишно лице кои починале по пристигнувањето во болница.
Од друга страна израелскиот весник „Haaretz“ (Хаарец) јавува дека израелските сили гаѓале позиции на Хамас на јужниот дел на Газа во близина на градот Кан Јунис.
Израелските воздушни сили и синоќа извршија низа напади врз позициите на Хамас во Газа, но во тие напади немаше жртви.
Илјадници Палестинци од 30 март годинава, протестираат на границата на Газа со Израел поради израелска окупација и блокадата на Газа, а израелските сили со цел да ги задушат протестите, досега убија најмалку 110, а претходно неколку илјади демонстранти.