Mustafa Melih Ahıshalı
29 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ИСТАНБУЛ
Раководителот на Одделот за заразни болести при Министерството за здравство на Иран, Хусеин Ирфанијан, истакна дека минатата недела, како резултат на епидемијата на грип, 4 лица го загубиле животот, а дека бројот на луѓе што ги загубиле животите од септември се зголемил на 110, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за Новинската агенција на ирански студенти (ИСНА), Ирфанијан истакна дека во последната недела 2.388 лица поради проблеми со дишењето се пријавиле во болниците во Иран.
Според Ирфанијан, во изминатата недела, во главниот град Техеран починало едно лице, во провинцијата Резеви Хорасан исто така едно лице го загубиле животот, а во провинцијата Источен Азербејџан две лица ги загубиле своите животи поради грипот, а бројот на луѓе што ги загубиле животите од септември се зголемил на 110.
Ирфанијан, минатата недела, истакна дека како резултат на епидемијата од грип, од септември бројот на загинати достигнал 106 лица.
Во последните неколку месеци во провинциите Ѓулистан, Мазендаран, Кехгулије-Бујер Ахмед, Кирман и Ахваз откриен беше вирусот Х1Н1 (свински грип).