свет

Ватикан: Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април

Одлуката е донесена на состанокот на кардиналите рано утринава, а конклавата за избор на нов папа ќе започне на 5 мај

Burak Bir  | 22.04.2025 - Обновена : 22.04.2025
Ватикан: Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април

ЛОНДОН (АА) - Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април, потврди Ватикан денес, јавува Анадолу.

Ватикан соопшти дека погребот на папата ќе се одржи во 10 часот по локално време.

Одлуката е донесена на состанокот на кардиналите рано утринава, а конклавата за избор на нов папа ќе започне на 5 мај.

Во февруари папата Франциск беше примен во болница во Рим со бронхитис, кој премина во пневмонија. Тој беше отпуштен по 38 дена за да продолжи со закрепнување во неговата резиденција во Ватикан.

Папата почина вчера, 21 април, на 88-годишна возраст.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın