Ayşe Hümeyra Atılgan
24 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Неколку илјади луѓе се собраа денес во Истанбул на погребот на челникот на најголемиот турски индустриски конгломерат "Коч Холдинг" , Мустафа Коч, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Коч почина во 56 година во четврток по срцев удар, а погребната молитва е извшена денес пред џамијата на Теолошкиот факултет на Универзитетот Мармара во азискиот дел на Истанбул.
На погребот присуствуваа турсиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Ахмет Давутоглу, лидерите на турската опозиција, министрите, бројни функционери и претставници на економскиот, политичкиот и културниот живот на Турција и пошироко.
Коч ќе биде погребан во турскиот град Зинџирликој.
Мустафа Коч од 2003 година беше на чело на Коч Холдингот, основан 1926 година, а под негово покровителство 113 претпријатија со 90.000 вработени. Главните подрачја на делување на овој холдинг се енергетиката, трговијата, финасиите, туризмот и бродоградба. Соработуваат со многубројни големи компанији во Европа, САД и Кина.
Коч Холдинг е единствена турска компанија на листа од 500 највлијателните компании во светот, која ја објавува американскиот бизнис магазин "The Fortune".
На чело на Холдингот, Мустафа Коч би требало да го наследи неговиот помлад брат Али, кој е задолжен за изградба на телекомуникациска група во рамките на Холдингот.