Fatih Hafız Mehmet
25 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
РИМ (АА) - Италијанскиот туристички град Венеција од јули 2020 година ќе започне со наплатување на влезот во градот за посетителите, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Советот на градот донесе одлука на нерезидентите кои сакаат да влезат во градот да им се наплаќа за влез од 3 до 8 евра“, јави новинската агенција АНСА (ANSA) со седиште во Рим.
Цената за влез во Венеција ќе се зголеми во 2021 година и ќе изнесува од 6 до 100 евра.
Според дневниот весник „Телеграф“ (Telegraph), градот годишно го посетуваат 20 милиони туристи, бројка која далеку ги надминува капацитетите на градот.