Dildar Baykan
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
КАРАКАС/ЊУЈОРК (AA) - Илјадници граѓани на Венецуела излегоа денеска на улиците во знак на поддршка на претседателот Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните беа облечени во црвено, во бојата на Комунистичката партија чиј лидер е Мадуро. Со протестот во Каракас сакаа да покажат дека се заедно и по обидот за атентат. Собраните носеа знамиња и фотографии на Мадуро.
Министерот за надворешни работи Јорге Ареза потврди дека се приведени шест лица кои се доведуваат во врска со атентатот.
Според неговите зборови, ќе бидат казнети во согласност со законите на оваа земја. Ареза изјави дека нема да има милост.
Мадуро беше мета на напад на беспилотно летало со експлозив додека во саботата држеше говор во Каракас. Претседателот на Венецуела помина без повреди, а ранети беа седум војници.
За нападот ги обвини припадниците на крајната десница, изјавувајќи дека извршителите се поврзани со Колумбија и САД.