Betül Yürük
07 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
ЊУЈОРК (АА) - Пожарникарите и понатаму продолжуваат да се борат со огнената стихија што ги зафати северните подрачја на Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пожарот кој изби пред повеќе од две недели смртно настрадаа 7 лица. Овој пожар се смета за најголем во историјата на тоа подрачје.
Во гасењето на пожарот учествуваат повеќе од 14.000 пожарникари. Постои загриженост дека пожарите, кои се активни на 16 различни локалции, би можеле да се прошират наредните денови, кога се очекува температурата да достигне до 43 степени Целзиусови.
Американскиот претседател Доналд Трамп, на социјалната мрежа Твитер, за проширувањето на пожарот ги обвини локалните официјални лица и пожарникарите. Тој смета дека пожарите се проширени и не се ставени под контрола поради лошата политика на локалните власти и бидејќи не користеле вода онолку колку што било потребно.
Пожарот во подрачјето на Мендосино и Лејк Каунти е активен веќе втора недела. Од подрачјето се евакуирани 20.000 лица. Во четвртокот на подрачјето на Сиера Невада избувнаа уште најмалку три пожари.