Sinan Doğan
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса, реагирајќи на повикот на Европската Унија (ЕУ) за нови претседателски избори со цел решавање на кризата во земјата истакна дека Европската Унија не треба да ги следи политиките на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во националниот печат, Ареаса го критикуваше меѓународниот притисок насочен врз земјата.
Упатувајќи остри критики кон земјите на ЕУ кои повикаа на избори, Ареаса рече: „ЕУ не треба да ги следи политиките на САД“.
Ареаса ги обвини САД и земјите на ЕУ кои како привремен претседател на земјата го признаа опозицискиот лидер Гваидо, и рече дека тие се виновни за кризата за лекови и храна во Венецуела.
Обвинувајќи ги европските земји дека се пристрасни во однос на кризата, истакна дека прилично е тешко да се прифати улогата на ЕУ во однос на решавањето на кризата во Венецуела.
Тој, исто така, нагласи дека високата инфлација и недостатокот на храна и лекови се резултат на блокадата на странските земји кон нивната земја. Соопшти дека одговорноста за проблемот 25 отсто е на Владата, а 75 отсто на блокадите.
- Венецуелска криза -
Во Венецуела, претседателот на Националниот парламент на Венецуела, Хуан Гваидо, на митингот на опозицијата се прогласи „за привремен претседател“ на Венецуела. По прогласувањето на чело со САД, него го признаа и Австралија, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала. Како последно, Гваидо го призна и Европскиот парламент (ЕП).
Од друга страна, Мексико, Турција, Русија, Иран, Куба, Кина и Боливија ја повторија поддршката за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. По настаните Мадуро ги прекина дипломатските и политичките односи со САД, но најави дека трговските односи ќе продолжат.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пак, изјави дека испраќањето на војници во Венецуела е „една од опциите“.