Sinan Doğan
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
БОГОТА (АА) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, истакна дека во случај опозицијата да победи на парламентарните избори кои ќе се одржат на 6 декември, ќе ја напушти претседателската функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На Венецуелците им велам, мојата судбина ја оставам во ваши раце. Ако опозицијата победи на изборите, тогаш ќе ја напуштам функцијата и нема да бидам тука повеќе“, нагласи Мадуро.
Тој ги повика опозициските партии да учествуваат на парламентарните избори кои ќе се одржат в недела.
Мадуро нагласи дека во Парламентот сакаат да продолжат со работа уште 5 години.
Последните парламентарни избори во земјата се одржаа на 12 декември 2015 година.