Zehra Ulucak
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ХАНОЈ (АА) - Во налетот на тајфунот Доксури што го погоди Виетнам, смртно настрадаа девет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Виетнамската Служба за управување со елементарни непогоди соопшти дека тајфунот, чии последици почнаа да се чувствуваат во петокот, нанел штета на повеќе од 150.000 домови во шест покраини.
Во тие покраини се повредени 112 лица, а четворица се водат за исчезнати.
Околу 528.000 куќи останаа без напојување со електрична енергија, а во помагањето на загрозеното население се ангажирани околу 31.000 војници и полицајци.
Тајфунот причини штета и на инфраструктурата, земјоделскиот и на рибарски сектор.
Поради обилните врнежи и ветрот, дојде и до поплави.