Adem Şalvarcıoğlu
22 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Во Виетнам се запали шлепер за транспорт на гориво. Во пожарот животот го загубија 6 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа“ објави дека се запалил шлепер кој превезувал гориво кон градот Бинх Фуок, во јужниот дел на Виетнам. Огнот зафатил и 16 куќи што се наоѓале покрај патот.
Пожарот одзеде 6 животи, а повеќе од 10 лица се повредени. Се истакнува дека повредените се наоѓаат на лекување во болница.
Оваа година во Виетнам, за период од 10 месеци се случија 3.770 пожари и експлозии. Во овие настани животот го загубија 91 лице, а 235 се ранети.