свет

Виктор Орбан: Северна Македонија, Србија и Црна Гора треба да имаат приоритет во проширувањето на ЕУ, а не Украина

Aida Cako  | 14.03.2025 - Обновена : 14.03.2025
Виктор Орбан: Северна Македонија, Србија и Црна Гора треба да имаат приоритет во проширувањето на ЕУ, а не Украина

СКОПЈЕ (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Северна Македонија, Србија и Црна Гора треба да имаат приоритет во политиката за проширување на Европската Унија, а не Украина, јавува Анадолу.

Говорејќи во утринската програма „Добро утро, Унгарија“ на радиото „Кошут“, Орбан се осврна на клучните економски и геополитички прашања, вклучително и инфлацијата, политиките на ЕУ и ставот на Унгарија во однос на војната во Украина.

Потсетувајќи дека европските лидери одлучиле дека Украина мора да се бори, а за возврат дека ќе добие забрзан процес на пристап кон ЕУ, Орбан предупреди дека потенцијалното членство на Украина би имало сериозни последици за унгарската економија и работната сила.

„Тоа би ја уништило Унгарија“, рече Орбан во изјавата што ја објави портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач, на социјалната мрежа Х.

Нагласувајќи дека Унгарија останува отворена за проширување, премиерот Орбан рече дека приоритет треба да имаат Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

„Србија би можела да биде примена утре наутро, што би донело огромни предности, особено за Унгарија“, рече Орбан, додавајќи дека овие земји од Западен Балкан значително се разликуваат од Украина во однос на економската компатибилност и геополитичката стабилност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.