Ikrame Imane Kouachi
14 Март 2025•Ажурирај: 15 Март 2025
ГАЗА (АА) - Палестинската група Хамас денес соопшти дека го одобрила предлогот на посредниците за да продолжат со преговорите за ослободување на израелскиот војник со американско државјанство и враќање на телата на четворица Израелци со двојно државјанство, јавува Анадолу.
„Водечката делегација на Хамас доби предлог од посредниците да ги продолжи преговорите. Движењето одговори со одговорност и позитивност, поднесувајќи го својот одговор рано утринава“, се вели во соопштението на групата.
Хамас потврди дека нејзиниот одговор вклучувал „ослободување на израелскиот војник Едан Александар, кој има американско државјанство, како и телата на четворица други со двојно државјанство“.
Групата ја повтори својата „целосна подготвеност да започне преговори и да постигне сеопфатен договор за прашањата од втората фаза“, повикувајќи го Израел „да ги исполни своите целосни обврски“.