?kipa
02 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2019
МАРИБ (AA) - Во 2018 година во Јемен убиени се 10 новинари, меѓу кои и дописници и камермани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот објавен од страна на Синдикатот на јеменски новинари, во 2018 година биле убиени вкупно 10 новинари, меѓу кои и дописници и камермани, од кои 5 новинари биле убиени од страна на коалициските сили, 3 од страна на Хусите и двајца новинари од неидентификувани страни.
Во овој извештај се наведува дека во текот на минатата година биле забележани 226 прекршоци против новинари, фоторепортери, десетици весници, интернет-страници, прес-центри, како и сопствености на новинарите.
„Откриени се 136 прекршоци од страна на Хусите, 68 од страна на Владата, 11 на коалициските сили, 9 на неидентификувани страни, и 2 прекршоци на сепаратистичкото Јужно движење“, се вели во горенаведениот извештај.