Dildar Baykan
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
ЊУЈОРК (АА) - Стотици лица во американскиот град Њујорк, на островот Кони, влегоа во Атлантскиот Океан со цел продолжување на новогодишната традиција која постои веќе над 100 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на „Polar Bear Club“ на островот Кони во Бруклин, стотици лица, меѓу кои и лица со костими на Дедо Мраз, Новата година ја пречекаа влегувајќи во Атлантскиот Океан.
Учесниците на влезот на плажата се фотографираа заедно со лицата во костими на поларна мечка и во други костими, а по започнувањето на активноста, стотици лица трчаа кон океанот.
Температурата беше повисока од нормалата во споредба со претходните години, односно оваа година температурата беше 13 степени Целзиусови, додека претходните години учесниците во океанот влегоа на температура под нулата.
Во текот на настанот, полицијата презеде безбедносни мерки во океанот и на копно, а присутни беа и спасувачи и тимови за прва помош.
Во рамки на оваа активност секоја година се собираат донации во различни категории, а оваа година беше започната кампања за обезбедување чиста животна средина, како и за зголемување на квалитетот на живеење на локалните жители.
Околу 1.500 лица донираа во активноста, при што беа собрани 55.000 долари, а целта беше да се соберат 80.000 долари.