Sayed Khodaiberdi Sadat
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
КАБУЛ (АА) – Во Авганистан во последните шест месеци 1.282 цивили ги загубија животите поради насилства, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Мисијата за помош на Обединетите нации во Авганистан (UNAMA) се наведува дека 1.282 цивили ги загинале во последните 6 месеци како резултат на насилствата во земјата.
Исто така, се истакнува дека во насилствата се повредени 2.176 цивили, 340 од нив биле деца и 138 жени.
Меѓу другото, во соопштението се додава дека за 58 проценти од смртните случаи на цивилите се одговорни опозиционите сили, а за 23 проценти од настраданите одговорни се безбедносните сили.
Се наведува дека за повеќето смртни случаи на деца се одговорни безбедносните сили, а не се споменува дали во тој период цивилите се убиени и од странските сили.
Се вели дека Мисијата за помош на Обединетите нации во Авганистан е загрижена за можни напади врз новинарите, научниците, здравствените работници и лидерите.