Adam Abu-bashal
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АБУЏА (АА) - Во операции реализиран во период од три месеци против вооружените банди во нигериската сојузна држава Кано, фатени се 392 припадници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицискиот началник на Кано, Хабу А. Сани, во изјава за медиумите истакна дека од мај досега спроведени се операции против бандите на различни места во Кано.
Сани информира дека во операциите фатени се 392 припадници на вооружените банди, додека запленети се 23 возила, 14 парчиња оружје и муниција во значителна количина.
Поради извршените напади во последниот период од страна на вооружени мотоциклисти, во некои сојузни држави е донесена забрана за користење на мотоцикли.