Adem Şalvarcıoğlu
29 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Патнички авион со 181 патник и 8 членови на екипажот рано утрово се урна во морето кај индонезискиот остров Западна Јава. Спасувачките екипи досега од морето извлекоа 6 тела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националната агенција за вонредни состојби (BASARNAS) соопшти дека во авионот се наоѓале вкупно 189 лица, од кои 8 членови на екипажот и 181 патник, меѓу кои две биле деца.
Во соопштението се наведува дека извлечените тела се префрлени во пристаништето Приок, во Џакарта.
Пилотот на авионот бил со индиско државјанство, а еден од патниците имал италијанско државјанство.
Авинот „Boeing 737 MAX 8“ тип „JT 610“ на индонезиската авиокомпанија „Лајон ер“ („Lion Air“), рано наутро, во 6:33 часот по локално време, го загубил контактот со радарот, додека се обраќал на редовната линија Џакарта - Пангкал Пинанг.
Пилотот по полетувањето побарал дозвола за враќање, но кусо време потоа авионот исчезнал од радарот.
Остатоци од авионот се пронајдени во морето, на просторот кај местото Караванга. Во акцијата за спасување учествуваат околу 300 лица, вклучувајќи ги и рибарите.
Во авионската несреќа што се случи во Индонезија во 2014 година, животот го загубија 162 лица.