Mahmut Atanur
02 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Махмут Атанур -
Индонезиски змејови, кои имаат културно значење за историјата на Индонезија, се чуваат во музеј за идните генерации, пишува Anadolu Agency (AA).
Музејот со змејови е основан во 2003 година во Џакарта и на локалниот јазик е познат како „Museum Layang-Layang“. Се работи за прв и единствен музеј за змејови во оваа земја.
Основан е со цел заштита на змејовите кои се користени на различни подрачја, првенствено на островите Јава, Сулавеси, Калимантан и Суматра.
Станува збор за колекција на земјови кои се од историска и културна важност на овој крај, а кои се направени и пред повеќе од 30 години.
Музејот се простира на површина од 2.500 метри квадратни. Во состав на музејот се наоѓа и соба во која можат да се погледнат документарни филмови за змејовите, соба за одморање и ателје за изработка на змејови.
Кустосот Пак Дајатика за АА изјави дека во музејот се наоѓаат 50 различни видови змејови од различни делови на Индонезија. Изложени се, како што вели тој, и змејови од Јапонија, Тајланд, САД и Шведска.
„Музејот е основан од Енданг Ернавати, кој од 1985 година собира змејови од различни делови на земјата и денес е сопственик на богата колекција“, раскажа Дајатика.
Ернавати одлучи да го отвори музејот со цел заштита на змејовите за идните генерации. Во музејот се даваат и часови со различни техники на пуштање на змејовите.
Дајатика истакна дека месечно музејот во просек го посетуваат 2.000 лица.