Ekipa
13 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
ДУАЛА (АА) - Потрагата по патниците на авионот што се урна во средата во шума во централниот дел на Камерун заврши, без да се пронајдат преживеани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Напорите за лоцирање на авионот изнајмен од Камерунската нафтена транспортна компанија (COTCO), кој превезуваше 11 лица, беа координирани од префектот на Горна Санага, Алберт Нанга“, соопшти Камерунската радио и телевизија (CRTV).
Од 11-те починати идентификувано е само тело на жена.
„Службите на воздушниот сообраќај изгубија радиоконтакт со авионот што леташе од Јаунде до Нсимален-Домпта-Белабо-Јаунде-Нсимален во средата, 11 мај 2022 година, кој превезуваше 11 луѓе“, соопшти министерот за транспорт, Жан Ернест Масена Нгале Бибехе.
По воздушната и копнената потрага, авионот беше пронајден во шума недалеку од Нанга Ебоко, околу 150 километри североисточно од главниот град Јаунде.
Во авионот имало двајца членови на екипажот и девет патници, според COTCO.