Ruslan Rehimov
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Во Азербејџан продолжува изградбата на новиот пат кон Шуша, градот што беше ослободен од окупацијата на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на 16 ноември постави камен-темелник на новиот патен правец, што ќе започне од селото Ахметбејли во провинцијата Фузули, ќе поминува низ градот Фузули и 20 населени места па сè до Шуша.
Патот го гради Државната агенција за автопатишта на Азербејџан, „Азерјол“.
Според соопштението на „Азерјол“, патниот правец ќе биде со должина од 101,7 километри, ширина од 37,7 метри. Се очекува да биде завршен за 1,5 година. Делницата ќе може да се користи и во процесот на градење.
Покрај тоа што е симбол на азербејџанската историја и култура, Шуша е стратешки важен град поради својата доминантна географска положба во регионот и поради тоа што се наоѓа на патот што води кон Ханкенди, најголемиот град во Нагорно Карабах.
Градот Шуша беше окупиран од ерменските сили на 8 мај 1992 година.
Азербејџанската армија го ослободи Шуша од окупацијата на 8 ноември.
Бидејќи патниот правец до Шуша засега минува низ Ханкенди, кој е не е под контрола на Азербејџан, се донесе одлука за изградба на нов патен правец.