Şerife Çetin,Ata Ufuk Şeker
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
БРЕГЗИТ (АА) - На ЕУ самитот кој ќе започне утре и ќе се одржува до 15 декември, лидерите на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за Брегзит, миграции, Кудс, Русија, одбрана и други општествени и економски прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
Планирано е одржување на трии сесии, а на првата ќе се разговара за надворешните односи, безбедноста, одбрана, миграции и општествени прашања.
Вториот ден, на втората сесија ќе се разговара за економски и финансиски прашања, додека планирано е на последната сесија да се разговара за последните случувања кога станува збор за Брегзит.
Лидерите на земјите, во согласност со новонастаната ситуација ќе разговараат и за прашањето за Кудс кое првобитно не беше составен дел од агендата.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември донесе одлука за признавање на Кудс за главен град на Израел и преместување на американската амбасада од Тел Авив во тој град.
Оваа одлука предизвика низа на реакции, а сега ќе биде и тема на самитот во Белгија. Се очекува дека лидерите ќе повторат дека е потребно да се постигне решение кое одговара и на Израел и на Палестина.
Лидерите би можеле да донесат одлука за продолжување на санкциите на Руисја.
Кога станува збор за одбрана, се очекува разговор за соработка на ЕУ и НАТО, а на самитот е повикан и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.