Eshat Fırat
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
КУДС (АА) - Повеќе од 100 еврејски фанатици упаднаа денес во џамијата Ал-Акса во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Исламската канцеларија на вакуфот во Кудс потврдија дека 101 еврејски фанатици, придружувани од полициските сили, влегле во Ал-Акса.
Освен овој упад, израелската полиција на влезот во комплексот Ал-Акса ги зела документите за идентификација на голем број муслимани. Документите им се вратени по молитвата што ја изведоа во џамијата Ал-Акса.
По повод еврејскиот празник Ханука, еврејските фанатици денес упаднаа во Ал-Акса.