Emel Öz Gözellik
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
АНКАРА
Во Виетнам, во операција изведена против шверцери, во автомобил се запленети седум замрзнати тигри, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според информациите на медиумите, седум замрзнати тигри биле пронајдени во автомобил паркиран на паркингот во областа Кауџиај, во главниот град Ханој.
Властите истакнаа дека во операцијата за шверц со животни се приведени 3 лица.
Властите, исто така, изјавија дека еден замрзнат тигар донесен во Ханој од Лаос тежел 300 килограми. Според нив, коските од тигрите биле користени во производство на одредени лекови во традиционалната медицина.