Barış Gündoğan
15 Декември 2018•Ажурирај: 16 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Најмалку седум припадници на терористичката организација ПКК неутрализирани се во воздушен напад на турската војска на рерионите Зап и Хакурк, на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Вооружените сили на Република Турција наведено е дека вчера и денес се изведени воздушни напади на регионите Зап и Хакурк, на северот на Ирак, и дека се неутрализирани најмалку седум терористи на ПКК.
Наглашено е исто така дека терористите биле во подготовка на изведување на напади на турските бази.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.