Ekipa
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 41 лице загина, а над 37 се повредени во воздушниот напад извршен од силите од источна Либија предводени од командантот Калифа Хафтар, вчера, во југозападниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телевизискиот канал „Ал Ахrар“ претходно објави дека во нападот загинале 20 лица, повикувајќи се на изјавата на локалниот пратеник Рахма Адем.
Адем истакна дека нападот се случил во градот Мурзук и сите жртви биле од племето Тебу.
Сепак, општинскиот советник на Мурзук, Мухамед Омар, изјави дека немало загинати од племето Тебу, ниту причинета материјална штета во нападот.
Локалните медиуми објавија дека цел на нападот била свадба.
Од силите на Хафтар нема никакви изјави во врска со ова тврдење.
Од почетокот на април, силите лојални на Хафтар започнаа кампања за заземање на главниот град, Триполи, од силите на Владата за национално единство, поддржана од ОН.
Според Светската здравствена организација (WHO), во судирите меѓу двете страни досега загинале над 1.000 лица, а околу 5.500 се повредени.
Во Либија од 2011 година владејат немири кога во востанието поддржано од НАТО, беше соборен и убиен долгогодишниот либиски лидер Муамер Гадафи, по негово четиридецениско владеење.
Оттогаш, острите политички поделби во земјата доведоа до создавање на две ривалски точки на моќ, една во источниот дел на Либија, со која е поврзан Хафтар, и друга во Триполи, поддржана од Обединетите нации.