?kipa
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
РАМАЛАХ (АА) - На Палестинците им се врачени клучевите од 320 домови кои во Појасот Газа ги изгради Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), јавува Anadolu Agency (AA).

Муфид ел-Хасајине, Министер за јавни работи и Министер за домување на Палестина, во Газа приреди церемонија за предавање на клучевите на домовите изградени од страна на ТИКА. На церемонијата министерот ел-Хасајине имаше свое обраќање на кое наведе дека со инструкции на претседателот на Палестина Махмуд Абаз, изградени се домови за живеење за Палестинците кои ги загубија своите домови во бомбардирања во 2014 година, и станови за сиромашните палестински семејства.

Зборувајќи за изградба на нови станови за сиромашните семејства во регионот, министерот Хасаније рече: „Многу сме ѝ благодарни на Турцицја, првенствено на ТИКА, за поддршката што и ја дава на палестинскиот народ.”
Хасаније по своето обраќање, им ги предаде клучевите на стотиците палестински семејства.

Во селото Хуџр ед-Дик сместено во Долина Газа, јужно од Газа, заврши изградбата на 320 домови од страна на ТИКА и истите, на церемонијата која се одржа изминатата среда, им беа предадени на палестинското министерство за јавни работи и министерство за домување.
ТИКА на парцела со големина од 20.000 квадратни метри, за потребите на палестинските семејства кои ги загубија своите домови во нападите изведени од страна на Израел во 2014 година, изгради 20 станбени блока во кој се наоѓаат 16 стана со површина од 100 квадратни метри. Се планира во овие станови да бидат сместени околу 2.250 лица.