James Tasamba
28 Мај 2026•Ажурирај: 28 Мај 2026
Бројот на потенцијално заразени од ебола во Демократска Република Конго надмина 1.000 поради наглиот бран во источните провинции, објави вчера Министерството за здравство, пренесува Анадолу.
Според извештајот, вкупниот број на потенцијално заразени изнесува 1.077, од кои 121 случај се официјално потврдени, а регистрирани се и 17 смртни случаи откако на 15 мај беше прогласена епидемијата.
Министерството укажа дека епидемијата на ебола погодила 13 здравствени зони во три провинции, вклучувајќи ги Итури, Северно Киву и Јужно Киву.
„Операциите за надзор, скрининг и подигање на свеста кај заедницата остануваат интензивирани и покрај оперативните предизвици пријавени на терен“, се вели во соопштението.
Конгоанските власти ги запреа социјалните активности во Итури, епицентарот на епидемијата, вклучувајќи ги и спортските настани, со цел да се спречи ширењето на еболата.
Според министерот за јавно здравје, Роџер Камба, околу 3.600 луѓе биле во контакт со пациентите.
Десет земји, вклучувајќи ги Руанда, Кенија, Танзанија, Ангола, Бурунди, Централноафриканската Република, Република Конго, Етиопија, Јужен Судан и Замбија, се соочуваат со ризик од епидемија на ебола, соопшти Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC).
Досега во соседна Уганда се регистрирани седум случаи од актуелната епидемија.
Уганда вчера го објави привременото затворање на својата граница со Конго за да го ублажи ризикот од ширење на болеста во земјата.
Светската здравствена организација (СЗО) го подигна нивото на тревога на „многу високо“, а неколку земји кои граничат со Конго ги интензивираа мерките за спречување на ширењето на вирусот, вклучително и ограничување на патувањата од Конго.