Ekip
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КАРАЧИ
Најмалку 13 лица се повредени денес во експлозија покрај патот во југозападниот дел на Пакистан, објави полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случила во подрачјето Каран во покраината Балуџистан, богата со минерали. Бомбата била поставена на мотоцикл и била детонирана откако поминало возилото за обезбедување.
Нападот се случи два дена по слична експлозија во областа Панџгур во Бaлуџистан, во кој загинаа двајца цивили и ранети се тројца припадници на паравоените единици.
Осудувајќи го нападот, премиерот на Балуџистан, Абдул Кудус Бизенџо, рече дека „антидржавните елементи“ се одговорни за нападот. Ниту една група не ја презеде одговорноста, но сепаратистите организираат напади во регионот повеќе од една деценија.
Балуџистан е клучна рута до проектот за кинеско-пакистански економски коридор вреден 64 милијарди долари, што има за цел да ја поврзе стратешката северозападна кинеска област Ксинџијанг со пристаништето „Гвадар“.
Во Пакистан, бројот на напади врз безбедносните сили и цивилите се зголеми во текот на годината, главно во Балуџистан и проблематичниот племенски регион на северозапад.
Бомба експлодираше пред Универзитетот „Балуџистан“ во Квета, главниот град на областа, на 18 октомври, при што загина еден полицаец, а 17 беа повредени.
Само три дена подоцна, шест пакистански припадници на безбедносните сили беа убиени во три одделни напади.