Associated Press
08 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
ЛОНДОН (АА) - Најмалку седум лица ги загубија животите во експлозија на бензинска пумпа во селото Крислау во северозападниот дел на Ирска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ирската полиција денес соопшти дека во текот на ноќта починале уште четири лица, со што бројката на загинати се зголеми од три на седум.
Осум лица се хоспитализирани, а неколкумина се водат за исчезнати по експлозијата што се случи на бензинска пумпа на компанијата „Еплгрин“ во Крислау во округот Донегол.
Полицијата информираше дека во тек е акција за потрага и спасување.
Експлозијата ја срамнила со земја зградата на бензинската пумпа, во која се наоѓале главната продавница и поштата во местото, а оштетени се и околните згради.