Ata Ufuk Şeker
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
БРИСЕЛ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на својот профил на социјалните мрежи сподели информација за најновата состојба во вакцинацијата во ЕУ со 450 милиони жители, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Посочувајќи дека вакцинацијата доби на брзина во земјите на ЕУ, Фон дер Лајен нагласи дека досега се администрирани повеќе од 200 милиони дози вакцини.
Посочувајќи на важноста на вакцините во борбата против епидемијата, Фон дер Лајен додаде: „На пат сме да обезбедиме доволно дози за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација во ЕУ до јули.“
ЕУ досега има склучено договори вклучувајќи ги и опциите за да добие 2,4 милијарди дози на „Фајзер“ и „БајоНТех“, 400 милиони дози на „АстраЗенека“, 300 милиони дози на „Санофи-ГлаксоСмитКлајн“, 400 милиони дози на „Џонсон и Џонсон“, 405 милиони на „КјурВак“ и 460 милиони дози на „Модерна“.
Досега, вакцините произведени од компаниите „Фајзер“ и „БајоНТех“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“ добија одобрение од ЕУ и се администрираат.
Имајќи ги предвид овие договори, администрацијата на ЕУ има за цел до јули да вакцинира 70 проценти од возрасната популација во ЕУ, која има 450 милиони жители.