Mustafa Deveci
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на палестински затвореници во израелските затвори, заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), се зголеми на 188, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Здружението на палестински затвореници се наведува дека во последните 24 часа регистрирани се нови 17 Палестинци заразени со Ковид-19 во затворот „Негев“, на југот на Израел.
Со тоа, бројот на палестински затвореници заразени со Ковид-19 во израелските затвори се искачи на 188.
Се истакнува дека израелските власти криеле информации за бројот на случаи на Ковид-19 кај затворениците, како и информации за тоа како се пренесува вирусот.
Според официјални палестински извори, во израелските затвори сè уште има 4.400 Палестинци, од кои 380 се административни затвореници.