Aness Suheil Barghoti
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
РАМАЛА (АА) - Израелските власти во затворите држат најмалку 56 Палестинки, јавува Anadolu Agency (AA).
„Меѓу 56 палестински жени во израелските затвори ‘Хашарон’ и ’Дејмон’ има најмалку 12 малолетнички“, се вели во соопштението издадено по повод 8. Март, Денот на жената, објавен од страна на Здружението на палестински затвореници.
Истиот извор вели дека на повеќето палестински затворенички им е влошено здравјето поради лошите услови во израелските затвори и тие имаат потреба од итна хоспитализација.
„На затворениците не им е дозволена посета од страна на блиските роднини, со што им е нарушено и менталното здравје“, потенцираат од Здружението.
Според официјалните податоци на палестинските институции, во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 7.000 Палестинци.
На повеќето од нив никогаш не им било судено, а во притвор се наоѓаат како осомничени за предизвикување закани за безбедноста на Израел.