Murat Karadağ
07 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Филипинските безбедносни сили извршија обемни операции во кои беа убиени најмалку 32 припадници на терористичката организација Абу Сајаф, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на филипинската армија, полковник Сирилито Собеџана соопшти дека филипинските сили остварија голем успех во антитерористичките операции спроведени во областите Сулу и Taви Taви.
„Во операцијата загинаа 32, а беа повредени 22 члена на терористичката организација Абу Сајаф. Ослободивме неколку региони кои беа контролирани од терористите. Одлучно продолжуваме со антитерористичките операции“, рече Собеџана.
Филипинската војска за време на овие операции зароби најмалку 50 терористи и заплени големо количество оружје и експлозиви.
Абу Сајаф е терористичка група којашто од почетокот на 90-тите години дејствува на островите помеѓу Филипините и Малезија, а на светската јавност ѝ е позната по честите киднапирања на туристи.
Денес оваа терористичка организација претставува голем проблем за безбедноста во јужниот филипински регион на Сулу и Минданао, каде што сака да формира влада и држава.