Mahmoud Barakat
28 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
ГАЗА (АА) - Блокираниот Појас Газа, како резултат на жестоките бомбардирања од страна на Израел на почетокот од оваа недела, претрпе штета од 2 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Триесет единици за домување во вкупна вредност од 1,5 милион долари се целосно уништени, додека 500 други во вредност од околу 500.000 долари се делумно оштетени“, изјави за новинарите потсекретарот на Министерството за јавни работи и домување во Газа, Haџи Сeрхан.
Се наведува дека како резултат на последните израелски напади без своите домови останале стотици Палестинци.
Во понеделникот Израел спроведе низа воздушни напади низ Појасот Газа, во кои беа повредени најмалку седум лица, како последица на наводните ракети истрелани врз израелска територија од групите на отпорот во Газа.
Израелската армија вчера распореди засилување во тампон-зоната помеѓу Газа и Израел, пред очекуваните палестински демонстрации в сабота, во знак на одбележување на првата годишнина од Големиот марш за враќање, во Газа.