Mahmut Geldi
23 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 16 Палестинци се убиени, а десетици се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, известува Анадолу.
Израелските напади врз Појасот Газа по поморски, копнен и воздушен пат траат веќе 291 ден.
Во вестите што ги објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА се наведува дека Израел во текот на ноќта извел интензивни напади врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, врз градот Газа во северниот дел и врз Деир ал Балах во централниот дел.
Според објавените информации, Израел бомбардирал населени места во бегалскиот камп Џабалија, сместен во северниот дел на Појасот Газа.
Во нападот на кампот Џабалија убиени се четворица Палестинци, а голем број се ранети.
Најмалку четворица Палестинци се убиени, а голем број се ранети и во бомбардирањето на цивилни куќи во северниот дел на градот Газа.
Во нападот врз населбата Ес-Сабра во градот Газа убиени се осуммина Палестинци, а има и ранети.
Во досегашната континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година Израел уби повеќе од 39.000 Палестинци, од кои најмалку 16.172 деца и 10.798 жени, а рани над 89.818.