Во израелските напади на југот на Либан убиени се 2, а ранети се 4 лица од медицинскиот персонал
- Израелските сили го бомбардираа исламското здружение на извидници во Бурџ Рахал и Тимот за итни интервенции на Исламското здружение за здравје во Кфар Тибнит
АНКАРА (АА) – Најмалку две лица на итната медицинска помош се убиени, а четворица се повредени во израелските воздушни напади во јужен Либан, известува Анадолу.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека цел на израелската армија биле дежурните болничари кои се обидувале да им дадат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница.
Во соопштението се наведува дека двајца болничари се водат за исчезнати по нападот.
Министерството соопшти дека едно медицинско лице од исламското здружение на извидници во Бурџ Рахал бил убиен ова утрото додека се обидувал да спаси рането лице.
„Уште еден лекар е убиен, а четворица други се повредени кога израелските авиони го тимот за итна интервенција на Исламското здружение за здравје во Кфар Тибнит“, се вели во соопштението.
Либанското министерството за здравство ги осуди варварските напади на Израел врз здравствените работници, опишувајќи ги како невидени нивоа на насилство кои се целосно спротивни на хуманитарните вредности.
„Повторените напади на Израел врз здравствените работници се опасни и злонамерни прекршувања. Ја повикуваме меѓународната заедница да интервенира и да стави крај на израелската култура на насилство и геноцид“, порачаа либанските власти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.