„Американската поддршка за Израел го охрабрува насилството на илегалните доселеници и геноцидот во Газа“
- Палестинските власти порачаа дека израелскиот тероризам и американската поддршка нема да донесат безбедност и стабилност во регионот
ИСТАНБУЛ (АА) - Ескалацијата на насилството на илегалните израелски доселеници на окупираниот Западен Брег и тековната војна во Газа се директно поврзани со американската поддршка за Израел, објавија денеска палестинските власти, известува Анадолу.
Портпаролот на палестинските власти Набил Абу Рудеине повика на итна меѓународна интервенција за да се спречат понатамошни уништувања предизвикани од акциите на Израел.
Абу Рудеине нагласи дека постојаните политики на убедување и осуда се покажале како неефикасни во справувањето со насилството.
„Оваа израелска ескалација на тероризмот и непочитување на меѓународното право е директен резултат на непоколебливата поддршка од страна на САД“, рече Абу Рудеине.
Тој нагласи дека „израелскиот тероризам и американската поддршка“ нема да донесат безбедност и стабилност во регионот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.