Gökhan Ergöçün
19 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Канадска кампања за собирање средства има за цел да купи турски борбен дрон „Бајрактар TB2“ за Украина, која е цел на руски напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кампањата, наречена „Канадиан Бајрактар краудфунд“ и организирана од непрофитната организација „ЈуХелпЈукраин“, планира да ја постигне целта до денот на независноста на Украина на 24 август.
Претходно, Литванија, Полска и Украина спроведоа слични кампањи за купување Бајрактар TB2-дронови, а и Норвешка исто така започна со собирање средства.
Од кампањата изјавија дека целта се 7 милиони канадски долари (5,4 милиони американски долари).
На веб-страницата на кампањата се вели дека донациите досега изнесуваат вкупно 12.450 канадски долари (околу 9.000 американски долари).