Felix Nkambeh Tih
17 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
КИЕВ (АА) - Претседатлот на Украина, Петро Порошенко ѝ додели почесна награда „People's Artist of Ukraine“ на пејачката Џамала, која во саботата вечер победи на 61-от натпревар Евросонг, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа беше фантастична победа. Усреќи многу луѓе“, рече Порошенко на церемонијата која синоќа се одржа во Киев.
Џамала, инаку Татарка од Крим, на Евровизија победи со песната „1944“, посветена на трагедијата и прогонот на Татарите од страна на Советскиот Сојуз.
Победата на 32-годишната Сузана Џамаладинова во Стокхолм предивика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што кримските Татари се под голем притисок од страна на Москва, која во март 2014 година прогласи анексија на Крим.
Џез-пејачката Џамала е втора претставничка на Украина, победничка на Евросонг. Пред неа, Руслана Лижичко успеа да триумфира на Евросонг 2004 година, кој се одржа во Истанбул.