Tufan Aktaş
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АДИС АБЕБА (АА) – Полицијата на Кенија заплени 20 милиони долари фалсификувани банкноти складирани во личен сеф во филијала на една банка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата преку официјалните социјални медиуми соопшти дека при операциите спроведени за откривање на фалсификувани банкноти, уапсени се 6 лица, од кои двајца вработени во филијалата „Квинсвеј“ на една банка во главниот град Најроби.
На споделеното видео се гледа дека парите се сместени во еден голем сеф, а за тоа каде биле печатени банкнотите нема информации.
Од друга страна, во соопштението од банката се наведува дека банката нема никаква врска со парите и дека банкнотите се донесени од клиент, но биле сместени во посебен сеф надвор од правилата на банката.