Tayfun Salcı
01 Јануари 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2019
ЛОНДОН (AA) – Во нападот со ладно оружје изведен на железничката станица во Манчестер, во Велика Британија, повредени се три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу повредените на железничката станица „Викторија“ е и полицаец.
Полицијата соопшти дека повредените лица не се во животна опасност и дека напаѓачот е совладен.
Напаѓачот го совладаа полицајци кои се наоѓаа во близина, а случајот го истражува тим за борба против тероризмот.
Во бомбашкиот напад изведен во 2017 година на концерт во Манчестер убиени се 22 лица.