Gülşen Topçu,Hosni Nedim
21 Октомври 2024•Ажурирај: 21 Октомври 2024
ГАЗА (АА) - Во нападите што израелската Армија ги изврши во јужниот и централниот дел на Појасот Газа, убиени се двајца Палестинци, а 19 се повредени, јавува Анадолу.
Според зборовите на очевидци, израелските воени авиони погодиле шатор во кој престојувале раселени Палестинци во регионот Ал-Меваси, западно од Кан Јунис во јужниот дел на Газа.
Здравствени извори наведуваат дека во нападот се убиени двајца Палестинци, а уште осум се повредени.
Во нападот на беспилотно летало врз куќа во бегалскиот камп Ал Бурејџ во централниот дел на Газа, повредени се 11 лица, поголемиот дел деца и постари лица. Повредените се префрлени во болницата Ал Авда во Нусејрат.
Локалните здравствени власти објавија дека над 42.500 луѓе се убиени, главно жени и деца, а повеќе од 99.600 се ранети од почетокот на нападот на 7 октомври минатата година.
Израелските напади го раселија речиси целото население на Газа поради блокадата што доведе до недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.